(ФОТО) Хотел чии соби се вистински пештери
Во близина на напуштената пештера Матера кај едно не така познато село во јужна Италија се наоѓа хотелот „Sextantio Le Grotte Della Civita“ единствен од таков вид. Хотелот има 18 соби-пештери кои го задржале недопрен карактерот на минатото. Пештерите воопшто не се реновирани, бидејќи целата внатрешност е прилагодена на нив, дури и предметите се во нивен стил.
Овие пештери биле користени како засолниште за руралните подрачја, па биле напуштени, за на крајот да бидат искоритени за хотело. Опремени се со додатна опремнина погодни за да се сочува интегритетот на архитектурата.
-Хотелот како да е направен од некој роман, раководи со романтична и интензивна атмосфера нудејќи им на посетителите единствено и неповторливо искуство - раскажува сопственикот на овој хотел.




