(ФОТО) Хит фризури како новогодишни елки
Актуелен е нов, необичен, но забавен начин на стилизирање на вашата коса кој со сигурност ќе направи да привлечете внимание за дочекот на Новата година.
Фризурата ќе ја направите така што ќе ја соберете вашата коса во конусен облик, налик на новогодишна елка пред да ја украсите.
Стилистите велат дека ова можете да го постигнете така што ќе ставите мало празно шише или лесен предмет во форма на конус врз вашата глава, кој ќе ви биде основа.
Потоа наместете ја косата околу предметот и зацврстете ја со спреј или со други помошни модни додатоци. Плус можете да бидете креативни и да преземете похрабар чекор, така што дополнително ќе ја украсите својата коса со детали.





Слично
