Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Хаос кај Ново село, со часови се чека на македонско – бугарската граница!

(ФОТО) Хаос кај Ново село, со часови се чека на македонско – бугарската граница!

Километарски колони за влез и излез  на македонско-бугарската граница. Како што јавуваат граѓаните за Фактор, со часови се чека да се мине македонско-бугарската граница на преминот Ново Село.

Граѓаните се револтирани поради некипираноста на службите, како од македонска така и од бугарска страна. Слична е велат и ситуацијата на Деве Баир.

Нашите читатели ни ја испратија оваа слика на која се гледа километарска редица при излез од Македонија за влез во Бугарија.

granica guzva

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На граничниот премин Деве Баир поради зголемената фреквенција за излез од државата се чека околу еден час. На останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Оваа информација се однесува само за македонската страна на премините, стои во известувањето на АМСМ.

Поради продолжениот викенд и празникот 28 Август-Голема Богородица, голем број граѓани денеска се упатија кон соседна Бугарија во туристичките центри како Банско и Сандански. Велат цените се многу поевтини од тие во земјава, а услугата двојно подобра.

Слично

Поврзани вести