(ФОТО) „Гугл“ – во чест на рубиковата коцка
Интернет пребарувачот „Гугл“ денес го одбележува 40-годишниот роденден на играчката Рубикова коцка.
Посетителите на „Гугл“ денеска онлајн можат да играат и да ја сложуваат коцката со генијален дизајн која ја измисли унгарскиот архитект и професор Ерно Рубик во 1974 година.
Коцката се состои од 26 мали пластични коцкички кои се вртат околу централното јадро, а секоја од шестте страни кои ја сочинуваат коцката се во различни бои.
Рубиковата коцка до ден денешен е продадена во повеќе од 350 милиони примероци ширум светот, а се проценува дека секое седмо лице се обидело да ја реши.
Слично

