(ФОТО) Грција и Хрватска најсиромашни економии на листата на Блумберг
Според листата на Блумберг за 15 „најсиромашни“ економии на светот, Грција е на петто место, додека Хрватска е осма.
Таканаречениот „индекс на сиромаштија“ е добиен како едноставно собирање на стапката на невработеност и промена на индексот на потрошувачките цени, а на врвот на листата земји во кои е најтешко да се живее и работи се Венецуела, Аргентина, Јужноафричката република и Украина, пишува Блумберг.
Од европските земји тука се и Шпанија (шесто место), Русија (7), Трција (9), Португалија (10) , Италија (11) и Словачка (14).
Како што се наведува во анализата, во најлоша состојба е Венецуела каде инфлацијата се проценува на дури 78,5%. Освен тоа, има недостиг на основни производи за широка потрошувачка, па дошле во состојба соседен Тринидан и Тобаго да им понудат размена во тоалетна хартија за нафта, пишува Блумберг.
Македонија не е на оваа листа според Блумберг.

