ФОТО: Градот кој го нарекуваат бисерот на Азија сочуван со векови
Бисерот на Азија - така ја нарекуваат престолнината на Камбоџа, Пном Пен.

Градот се наоѓа на местото каде се составуваат 3 реки: Басак, Саб и Меконг.
Тој е главна туристичка дестинација во Камбоџа и за странски посетители. Градот е мешавина на традиционалната кмерска архитектура и влијание на француската архитектура.
Има многу музеи, како Националниот музеј кој поседува ликовна колекција од уметнички дела на кмери, кои сочинуваат над 85% од населението на Камбоџа.
Кралскиот балет на Пном Пен е познат во целиот свет. Едно време танчери играле само за кралското семејство во Камбоџа.
Ако сакате да одите таму ќе ја видите оваа многувековна историја, култура и убава природа во комбинација со древни културни споменици.
Градот постои со векови, и е зачуван до денес.


