ФОТО: GOOGLE STREET VIEW по скопските улици!
Нашите фоторепротери го уловија GOOGLE STREET VIEW по скопските улици, овојпат се скенираат улиците зад трговскиот центар „Буњаковец“.
Street View е функција на Google Maps лансирана во мај 2007 година и веќе е достапна во 59 земји. Исто така, таа е достапна на Google Earth и на Google Maps за мобилни телефони. Функцијата им овозможува на корисниците полесна навигација преку виртуелно панорамско истражување на улиците.
Почнувајќи од 29 септември, во Скопје и Битола, како и во други поголеми градови во земјава, ќе бидат снимени тродимензионални фотографии, а наредната година истото ќе продолжи и во другите помали места. Планирано е да се покрие колку што е можно повеќе од патната мрежа, како и најинтересните места во земјата.
Министерството за информатичко општество и администрација имаше активна соработка со претставници на Google, со кои оствари повеќе средби со цел воведување на овој сервис во Македонија.
Слично

