Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Французите купуваат најмногу Дачија

(ФОТО) Французите купуваат најмногу Дачија

Романија е најголемата произведувачка База на „Дачија, но Франција е најголмиот пазар за оваа марка - за помалку од девет години од лансирањето на Logan во таа земја, продадени се дури 600.000 возила со логото на компанијата која ја презеде Рено. 

Како што е објавено, Французите за помалку од деценија купиле повеќе од  232.000 Sanderosa, 150.000 Dastera, 100.000 Logan MCV-a и 57.000 Logan sedan.

Реновата Дачија е лансирана во Франција во јуни 2005 година, со првата генерација на Logan. Од тогаш, гама брендот се прошири на седум модели Logan, Logan MCV, Sandero, Duster, Lodgy, Dokker и Dokker Van.

Гамата на Дачија е најмлада во Европа, а романскиот бренд во 2013 година стигна до завидливото 5 место на францускиот пазар.

Оваа година, до крајот на април, Дачија стигна до четвртото место кога се во прашање индивидуалните купувања, а Sandero се наоѓа на самиот врв кога е во прашање продажба за поединици.

Слично

Поврзани вести