ФОТО: Евтина куќа за бегство од секојдневието
Проектантската фирма Abaton е убедена дека да се има изолирано скривалиште никогаш не било полесно, посебно по излегувањето на серијата мали домови кои можат да бидат транспортирани и поставени речиси насекаде.
Идеални се за употреба како шумска колиба или вила , минималистичките станови од серијата ÁPH80 ги задржуваат пропорциите на поголема куќа , бидејќи се дизајнирани да обезбедат чувство на просторност и удобност.
Архитектите успеале да вклопат дневна, кујна , комплетно опремена бања и спална соба со брачен кревет во само 27 квадратни метри.
Големите надворешни прозорци ја поврзуваат природата со внатрешноста на куќата и како да ги повикуваат станарите да се прошетаат надвор. Куќата е полесна отколку што изгледа, бидејќи цврсто дрво е користео само за структурата и внатрешните површини , додека однадвор е покриена со дрвени табли.
Тие вршат двојна функција и служат како капаци на прозорците. Кога се затворени, сивите панели целосно ја изолираат куќата од надворешниот свет.








Слично
