Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО: ЕКСТРЕМНО НИСКА КИРИЈА: Помалку од 1 евро за година

ФОТО: ЕКСТРЕМНО НИСКА КИРИЈА: Помалку од 1 евро за година

Фугерај, во баварскиот град Аугсбург, е еден од најстарите светски комплекси на социјални станови во светот.

1111

Годишната кирија во овој град изнесува помалку од 1 евро. Просечната големина на становите е околу 60 метри квадратни, сите имаат посебен влез и сопствена градина. Овој град во град е опкружен со ѕидови со пет врати кои секоја вечер се затвораат во 22 часот.

Фугерај бил создаден од Јакоб Фугер, еден од најбогатите и најмоќните луѓе во историјата кој на своите наследици им остави повеќе од 7 тони злато. Имал бизнис врски со Ватикан и Римската империја. Незадоволен од материјалните добра, Јакоб сакал да направи нешто за социјално загрозеното население. Заедно со неговиот брат тој ја финансирал изградбата на Фугерај со почетен депозит од 10.000 гулдени (некогашна валута), помеѓу 1514 и 1523 година. Овој комплекс за сиромашни им понудил тесно поврзана верска заедница со доста евтино сместување. Жителите воглавно биле занаетчии и работници.

2222

Жителите плаќаат иста кирија колку што изнесувала и во 1520 година - 1 тогашен гулден и 88 денешни центи.

3333

Се чека околу четири години за вселување, а постои и листа на чекање. Покрај тоа, за воопшто да помислите да живеете на ова место, треба да исполнувате посебни услови.

Ако сакате Фугерај да биде вашиот дом мора да бидете католик и да учествувате во три дневни молитви, да имате над 60 години, да живеете најмалку две години во Аугсбург и да имате скромна финансиска состојба без долгови.

4444

Слично

Поврзани вести