Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Егзотична вила на Карибите која нуди совршен панорамски поглед

(ФОТО) Егзотична вила на Карибите која нуди совршен панорамски поглед

Луксузот и локацијата се клучни поими кои го опишуваат овој прекрасен имот на сликовитиот остров Ст. Луциа во југоисточните Кариби...

Сместена на видиковец, 50 метри над морето, овој имот ви нуди уживање во совршено убавиот панорамски поглед од секоја спална соба и од секоја тераса. Ова е вистински мелем за очи и ненадминато задоволство. Оваа вила се состои од пет спални соби, при што секоја од нив има свој приватен тоалет. Секако, најимпресивната спална соба од сите е пространиот мастер апартман, со кралски кревет направен од локален кедар, спуштени ролетни и дупли врати кои се отвараат кон предниот балкон од кој се пружа феноменален поглед . Тука е секако и многу добро опремената кујна, а до неа е сместена и префинетата трпезарија. Со оглед на тоа дека животот на отворено е она во што луѓето во оваа дестинација уживаат, скарата на отворено и неколку места за уживање ве очекуваат во екстериерот на оваа вила.

Уште една од погодностите на овој имот која секако ќе привлече многу луѓе е инфинити базенот кој е многу простран и кој е опкружен со простор за уживање и сончање. Од базенот постои стаза која ве води до скриените плажи и наутичкиот резерват, каде можете да нуркате во кристално чистите води на Карибите. Цената на овој величенствен имот, кој повеќе потсетува на приватен тропски хотел е 4,9 милиони долари.

[gallery]
Слично

Поврзани вести