Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Единствениот „Монте Карло Бич Хотел“

(ФОТО) Единствениот „Монте Карло Бич Хотел“

 „Монте Карло Бич Хотел“  е навистина единствен и ви нуди фасцинантно искуство кое го поврзува гламурот на Монако и убавината на француската ревиера ...

Ова место е легендарно уште од 1930 -тите години, но сепак поминало низ процес на редизајн, кој му подарил удобност и луксузни стандарди од 21 век. Неговите 40 соби и апартмани, при што сите се пространи и многу добро опремени, гледаат кон Медитеранот и имаат удобен и интимен амбиент во кој може да уживате во текот на својот престој. Овој хотел има и олимписки базен кој е опкружен со тропски градини, како и своја приватна плажа. И покрај се не мора да одите далеку ако сакате да се опуштите и да уживате.

Овој хотел има извонреден избор на ресторани и барови, од кои најбогат и најпопуларен е Елса ресторанот. Покрај него тука е и Ла Виги ресторанот со прекрасни морски специјалитети. Што и да изберете, знајте дека ќе го добиете она најдоброто што може Монако да ви го понуди. Се што ви преостанува е да се спакувате и да одите во Монте Карло Казиното и да уживате во гламурозните атракции на оваа ривиера.

Слично

Поврзани вести