(ФОТО) Ѕирнете во луксузниот семеен дом на Меган Фокс и Брајан Остин Грин
Холивудскиот пар Меган Фокс и Брајан Остин Грин после венчавката во 2010 година заедничкиот живот го започнаа во раскошната вила во квартот Лос Фелис во Лос Анџелес. Две години подоцна го добија синот Ноу, а во февруари годинава добија уште едно момче на кое му го дадоа името Боди.
Сега се во потрага по нов дом кој ќе ги задоволи сите потреби на нивното растечко семејство, па оваа куќа ја ставија на продажба.
За преубавата вила со медитерански стил парот бара околу четири милиони долари, а оваа продажба ќе им донесе значаен профит со оглед на тоа дека ја купиле за нешто помалку од три милиони.
Новиот сопственик ќе ужива во овие благодати кои ги нуди имотот од 500 квадратни метри. Приватноста на домот за Меган е многу битна па куќата ја опремина со врвен сигурносен систем. Поседуваат и преубаво уреден двор и базен, додека во внатрешноста се наоѓаат рачно изработени дрвени подови и реновирано е старото осветлување.
Тука е и просторијата за домашно кино и просторијата за забава, две дневни соби, библиотека и канцеларија.[gallery]
