Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Два нови модела на Mercedes-Benz пристигнаа во Македонија!

(ФОТО) Два нови модела на Mercedes-Benz пристигнаа во Македонија!
По неколку дена од европската премиера на автосаемот во Женева, новиот Мерцедес C-Class е веќе во Македонија, а заедно со овој автомобил Мак Аутостар го претстави и сосема новиот модел, Mercedes-Benz GLA, компактен SUV. Под мотото „Посветени како никој друг“, Мак Аутостар го прослави 20 годишниот јубилеј од своето постоење и на сосема невообичаен модерен начин, досега несвојствен за Mercedes-Benz, заедно со познатиот DJ Саф и Игор Сакс ги претстави во исто време двата нови модела. За оваа прилика салонот на Мак Аутостар беше целосно преуреден во Club Café. „Mercedes-Benz изминативе две години храбро го претставува своето ново лице, создавајќи мост меѓу модернизмот и авантгардата, меѓу традицијата и прогресот. Резултат на тоа се новите модели, со динамичен дизајн и сензуални форми кои мошне вешто ги поттикнуваат емоциите. Така е и со новата C-Class и новиот GLA, кои веќе се прифатени со воодушевување“, изјави директорот за маркетинг на Mercedes-Benz Мак Аутостар, Владица Кокаловиќ. Новиот GLA е премиум компактен SUV со купе дизајн. Кога ќе се погледне ентериерот, тој дава чувство на висок квалитет што е постигнато со помош на изборот на материјали со висок квалитет, како и динамичниот дизајн и прецизноста во изработката и поставеноста на разните детали. Други опции кои се на располагање во внатрешноста се мултимедискиот систем COMAND Online, Bluetooth I USB конекција, како и Drive Kit Plus системот  кој овозможува директно бирање на музика од I-phone. Новата C-Class, пак, навестува ново поглавје за Mercedes-Benz и поставува нови стандарди во премиум, средната класа на автомобили. Од воведувањето на овој модел во далечната 1982 година, досега се продадени 8,5 милиони, а од нив 2,7 милиони C-Class се продадени од последниот модел односно од 2007-та година. C-Class e поголема во однос на својот претходен модел, односно за 80 мм е зголемено меѓуоскиното растојание (2840 мм), а должината е зголемена за 95 мм и изнесува 4684 мм, додека широчината на возилото е поголема за 40 мм и вкупно изнесува 1810 мм.
Слично

Поврзани вести