(ФОТО) ДОЗНАЈТЕ: Што ќе претстави Apple во септември?
Во септември се очекува големиот годишен настан на Apple, на кој компанијата традиционално ги презентира своите нови производи. Засега се шпекулира дека датумот на манифестацијата ќе биде 7 септември, понеделник.
Еве и што се очекува да претстави компанијата од Купертино за корисниците:
Очекувано, нов iPhone 7
Се разбира, на прво место и најмногу очекувана е новата генерација паметен телефон iPhone, кој се претпоставува дека ќе го носи бројот 7 во името. Тој нема да е со многу променет дизајн, но сепак во него ќе има и значителни промени во споредба со досегашната серија 6S.
Два модели
Секако, се очекува да бидат претставени два модела - да ги наречеме условно iPhone 7, со 4,7-инчен дисплеј и поголем модел iPhone 7 Plus со 5,5-инчен дисплеј.
Помалиот модел ќе има поголема камера од претходната генерација.
А модел „Плус“ќе има двојна камера, која се очекува да може да прави две слики истовремено.
Без излез за слушалки
Сеуште не е потврдено, но се очекува новиот iPhone 7 да нема излез за слушалки. Тоа би бил еден од најконтроверзните потези на Apple. Наместо тоа, слушалките ќе може да се вклучуваат во портата за блицот.
Безжични слушалки
Според некои извори, новиот модел ќе може да се користи со безжични слушалки. Тие веројатно ќе се нудат како посебен додаток, а не во комплет со телефонот.
Промена во „Home“ копчето
„Home“ копчето на новиот iPhone 7 нема да е точно копче, туку чуствителен пад на допир, без подвижни делови, според Блумберг. Ова е мал чекор кон неговото тотално отстранување, што се очекува во следната 8 генерација смартфони на Apple.
Темно Сина боја
Според некои непотврдени информации, новите смартфони на Apple ќе бидат и во нова, темносина боја, која ќе стане главна за следните генерации телефони.
Нов Apple Watch
Поминаа 2 години откако Apple го претстави својот Apple Watch и веќе е време за нов модел. Според неодамнешните гласини сепак, надградбата, очекувана во септември, нема да донесе значајни промени. Паметниот часовник ќе изгледа како сегашните, но ќе има нови сензори за известување на различни индикатори, како GPS и барометар.
Нови оперативни системи
Четири нови оперативни системи на Apple - iOS 10 (iPhone / iPad), macOS Sierra (Mac), tvOS (Apple TV) и watchOS 3 (Apple Watch) се уште се во бета верзии, откако компанијата ги претстави на годишниот настан за програмери во јуни годинава . Завршните верзии се очекува да бидат претставени наесен, а официјалниот датум се очекува да биде објавен токму на настанот за претставување на новиот iPhone.










