Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Доење и работа, да го направиме тоа реалност!

(ФОТО) Доење и работа, да го направиме тоа реалност!

НВО Матрона, центар за промоција на здравје и човекови права, во соработка со Здружението на педијатрите на РМ, Здружението на неонатолози на РМ, Универзитетска Клиника за гинекологија и акушерство и Здравствениот дом Скопје ја одбележува глобалната недела на доењето со серија едукативни предавања и практични работилници поврзани со доењето пренесувајќи ја пораката надвор од здравствените институции во јавноста.

svetska nedela doenje

Покровители на настанот се Би-МЕК, претставник на Medela, светски лидер за производи за подршка на доењето и City Mall Скопје, а е поддржан и од Клиничката болница Аџибадем Систина, болница Ремедика и болница Плодност.

На одржаната прес конференција се зборуваше за актуелната состојба и перспективите за унапредување на доењето во РМ како и за перспективите за отварање на банка за хумано млеко,  улогата на раѓалиштата и неонатологот во иницијација на доењето и на превентивниот тим и патронажната сестра во одржувањето на доењето.

Беа најавени серија едукативни предавања и интерактивни работилници не само во врска со здравствените и медицинските аспекти на доењето но и пошироко, психолошките и емотивни аспекти и продолжувањето на дијадата мајка бебе, совети од нутриционист како и работилници со искусни медицински сестри за совладување на техниките и сите потешкотии кои може да се појават за време на доењето.

svetska nedela doenje1

За време на Светската недела на доењето Матрона заеднички со сите наведени институции, компании и здравствени организации јавно повикува на зголемување на свесноста за важноста и придобивките од доењето, порака која треба да се пренесе надвор од болниците и родилните сали до широката јавност таргетирајќи ги не само идните родители и семејствата со новородени, но и целото општество и младите луѓе заради тоа што сите мора да ја разбереме важноста на доењето и да помогнеме во зголемување на процентот на доење и создавање на услови за тоа.

Придобивките од доењето во однос на растот и развојот на децата се добро познати. Постојат научни докази дека доењето доведе до значајно намалување на смртноста кај децата кои биле доени до 2 години, односно ексклузивно во првите 6 месеци.

svetska nedela doenje2

Воедно ова одбележување на Светската недела на доењето претставува најава на низата активности на НГО МАТРОНА за подршка на доењето во тек на целата година.

Овогодинешното мото на Светската недела на доење потенцира дека доењето и работата можат да одат заедно. Почеток на работа, не мора да значи и крај за доењето. Постојат многу начини да се продолжи со доење и по започнување со работа, но потребна е поддршка од општеството и од работодавачите.

svetska nedela doenje3

На денешен ден, со цел промоција и подршка на доењето, Би-МЕК Медела заедно со City Mall ја отвара специјално опремената за таа намена Медела соба за доење на III кат во City Mall.

“Ни претставува огромно задоволство да бидеме дел од една ваква хумана иницијатива и доколку барем на едно дете му овозможиме спокоен подој во момент кога му е најпотребен во Медела собата за доење, а се надеваме дека ќе бидат многу повеќе, нашата цел е постигната-изјави Г-ѓа Тања Евросимовска, Директор на Би-МЕК.  

Слично

Поврзани вести