(ФОТО) ДАРКО ЛАЗИЌ СО ПРВА СЛИКА ОД БОЛНИЦА: Еве со кој објави фотка пејачот кој едвај остана жив
Бранка Лазиќ, мајката на Дарко Лазиќ објави фотографија од својот син од болница, прв пар откако пејачот доживеа сообраќајна несреќа.
Селфи фотката ја направил самиот пејач, а на неа се наоѓаат тој и неговата мајка. На фотографијата се гледаат повредите на главата на Дарко.
На Дарко не му е дозволено да го користи неговиот телефон, па преку профилот на мајка му се огласи на Инстаграм и ја честита славата по повод денешниот празник Свети Аранхел Михаил.
-Среќна слава на сите и од мене бидејќи немам свој телефон-стои во описот на фотката.
Да потсетиме, Дарко Лазиќ доживеа сообраќајна несреќа на 23 октомври во раните утрински часови и едвај остана жив.

Слично
