Фото: Дамите на Трамп блеснаа на „Балот на слободата“
Трамп е сигурно еден од најсреќните луѓе бидејќи го оствари сонот да стане претседател на САД, а на традиционалниот „Бал на слободата“ кој се одржа во Белата куќа по инуагурацијата огромно внимание привлекоа и неговите дами, сопругата Меланија која доби огромни пофалби за креацијата која заедно ја дизајнирала со Херв Пјер, како и двете негови ќерки Иванка и Тифани кои исто така блескаа на свеченоста.

Трамп можеше да се опушти по напорната кампања како и тензичната инуагурација проследена со жестоки протести во Вашингтон, па со сопругата Меланија првиот танц го одигра на песната My Way од Френк Синатра која одлично го симболизира неговиот политички стил.

Неговата наследничка Иванка Трамп која ја очекува специјална функција во Белата куќа носеше креација од брендот Каролина Херера.

Тифани Трамп, која е многу помлада, пак исто така воодушеви со фустан од Холивудскиот дизајнер Симин Кутур.
