Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Дали ова е најубавиот грчки остров за кој не знаевте дека постои?

(ФОТО) Дали ова е најубавиот грчки остров за кој не знаевте дека постои?

Факт е дека Грција е преполна со убави и магични острови а HuffPost пишува дека токму Хиос е еден од најубавите.

Овој помалку познат остров се наоѓа во северноисточниот дел на Егејското море. Хиос е најпознат по популарната мастика, стврднат билен сок кој се добива од дрвото мастика-зимзелена грмушка која расте во плодниот регион на Мастихохори.

Мастиката (која некогаш ја нарекуваат и арабиска смола) се користи како боја, во медицински цели и за јадење. Во Хиос можете да купите и џем од мастика, слатки и ликери како узо.

За мастиката се говори како за солза која нуди задоволство, мириса убаво, и ослободува и лечи болки.

Најгоелмо село на мастиката е Пирги, во кое куќите се исцртани со геометриски шари наречени “графито“ а во близина се наоѓа и пбновениот манастир кој е под заштита на УНЕСКО. Овој византиски манастир ги чува мозаици и човечки черепи.

Хиос е познат и по своите преубави плажи на кои нема гужва, можеби затоа што Хиос се уште е скриениот драгоцен камен на Егејското море.

Слично

Поврзани вести