(ФОТО) Црква претворена во луксузна лондонска куќа
Објектот во кој што луѓето некогаш се молеле и доаѓале да ги искажат своите гревови, денес е претворен во луксузен дом кој вреди повеќе од 50 милиони фунти. Во поранешната црква, сместена во Најтсбриџ во Лондон, денес се наоѓаат луксузниот базен, барот, луксузната сала и прекрасните соби.
Пред 15 години оваа градба бискупите во Лондон ја продале за сума од милион фунти затоа што парите итно им биле потребни. Црквата ја купил писателот Алаин Боубли и истата ја претворил во свој четирикатен дом во кој што направил и базен.
Тој го продал својот дом во 2009 година на непознат италијански бизнисмен, по цена од 13,5 милиони фунти.
Новиот сопственик ја реновирал куќата, а еден дел од истата е одвоен и денес се користи за богослужба и за социјални активности.
Кој е богатиот бизнисмен кој успеал себеси да си дозволи луксузен дом кој сега вреди 50 милиони фунти никој не знае.
Но, фотографиите се доказ дека станува збор за навистина модерна и со стил уредена раскошна куќа во која што се наоѓаат седум спални соби, пространи простории, сауна, базен, теретана, бар...

Слично