Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО: Бумбарите илегалци!

ФОТО: Бумбарите илегалци!
Бумбарите кои вчера беа запрени на границата во Гевгелија се пронајдени при контрола на комбе со македонски таблички натоварено со бумбари за опрашување на растенија наменети за фирма увозник од Скопје, каде покрај пријавените  3.600 бумбари (60 кутии по 60 бумбари), пронајдени се и 240-те  непријавени бумбари (4 кутии по 60), посочуваат од Царинската Управа на Македонија во деталниот извечтај за царинскиот прекршок.

 Непријавените 240 бумбари се одземени, и согласно законот се предадени во надлежност на Агенцијата за управување со одземен имот.

Подоцна ,  бидејќи се потребни посебни услови за чување и исхрана во тек е постапка на отстапување на бумбарите на надлежна институција Факултет за земјоделство, информираат од Управата.

За увоз на бумбарите неопходна е дозвола од Ветеринарен институт, а бидејќи за пријавените 3.600 сеуште не била обезбедена дозволата тие се наоќаат на царинската испостава во Гевгелија.

Инаку бумбарите со латинско име „Bombus terrеstris“ во Македонија се увезуваат за опрашување на растенија во пластеници за побрз процес на произвотво на зеленчук. Тие се транспортираат во специјални картонски кошници. Во секоја кошница има по 60 бумбари доволна да опрашат еден поголем стакленик. Во минатото, производителите се потпирале на медоносните пчели, рачно опрашување или раст со хемикалии, во зависност од културата. Бидејќи овие методи имаат многу недостатоци, земјоделците сега се вртат кон опрашувањето со бумбари кое е најприроден и најбрз процес шро се применува во западноевропските држави.  
Слично

Поврзани вести