(ФОТО) БЛИСКИ СЕ И УБАВИ: Каде на Грчка Касандра ќе ги откриете белите песочни плажи?!
Полуостровот Касандра е препознатлив по белите песочни плажи кои се прелеваат во морското синило и се едни од најубавите во Грција.“

Многу од ови плажи се наоѓаат на само десетици километри од Солун, а меѓу нив најпознати се местата Калитеа, Полихроно, Ханиоти и Пефкохорија кои се наоѓаат на источниот брег.
Калитеа, што значи „убав поглед“ е најпопуларното место на полуостровот Касандра. Во Калитеа живеат околу 500-тина луѓе, а преку лето ова место е преполно со туристи. Се наоѓа на 85 км од Солун.

Брегот е прекриен со борова шума и луксузни хотели, апартмани и вили. Ресторани, таверни, кафулиња, барови... има за секој вкус по нешто. Забавата трае до раните утрински часови, а доколку сте љубител на археологијата, во близина се наоѓаат двете антички светилишта посветени на Зевс и Дионис.
Полихроно, што во превод значи „многу старо“ е место каде што старото се меша со новото, а од Солун е одалечен околу 95 км. Плажата е убава и погодна за мали деца. Местото е преполно со ресторани, таверни, кафулиња и продавници, а ноќе тоа се престорува во прекрасно летно шеталиште. Во близина на Полихроно се наоѓа мало езеро.


Ханиоти се наоѓа веднаш до Полихроно и е мало и популарно место во Грција како за фамилии така и за парови. Ноќно време центарот се престорува во прекрасно место за шетање во изобилство на ресотан, таверни, барови, продавници...


Лежалките на плажата не се наплаќаат доколку се напиете пијачка од локалот во чија сопственост се лежалките. Што се одесува до хотелите, тие се опремени одлично, а во нивна близина има голем број на ресторани и традиционални таверни, како и дискотеки.
Пефкохори од Солун е одалечен околу100 км. Ова место е попуарно од 70-те, а препознатлив е по тесната плажа која што граничи со густа борова шума.

На Пефкохори се наоѓаат неколку хотелски комплекси, како и голем број на апартмани и вили. Ова место е доста популарно помеѓу Грците, кои тука често доаѓаат на викенд и одмор.
