Економија, финансии, бизнис

Контакт

Неверојатна приказна: Реакции по настапот на Тамара

Неверојатна приказна: Реакции по настапот на Тамара

 Македонија прва влезе во финалистите од втората полуфинална eвровизиска вечер. Реакциите на Тамара и нејзиниот тим, но и на цела држава, по соопштувањето на името на нашата земја беа бурни. Граѓаните се возбудени и имаат уште многу очекувања од Тамара и нејзиниот тим во финалната вечер.

Радоста е најголема, среќата заедничка, гордоста на најјако, поддршката и честитките стигнуваат од целиот свет.

По завршување на настанот во прес центарот на Евровизија 2019, Тамара се заблагодари на сите што гласале за нејзината песна, се заблагодари на целиот тим, на организацијата, а пред се на нејзината најголема поддршка семејството.

Во сабота, на финалната евровизиска вечер Тамара ќе настапи 8 по ред.

На официјална страна на Евровизија 2019 над фотографијата на Тамара организаторите пишуваат: Северна Македонија и неверојатната приказна.





Слично

Поврзани вести