(ФОТО) Бајковит хотел во Австрија
Како и многу други места во Австрија, градот Иглс во близина на Инзбурк, воодушевува со интересен шарм кој е комбинација на сликовито опкружување и величенствени архитекури на стари градби и замок.
Токму тој помалку бајковит амбиент кој го опкружува „Schlosshotel“ Иглс она што го прави навистина незаборавно место. Сместен во срцето на преубавото плато во тиролски Алпи, овој хотел е опкружен со паркови и градина, а погоден за одмори во текот на секое годишно време, иако зимата му дава најубав изглед поради преубавата снежна покривка. Што се однесува до сместувањето, овој хотел се состои од само 18 пространи и елегантни соби и апартмани, покрај луксузниот „Boutique“ апартман, кој има свој приватен пристап до градината и базенот.
Кога говориме за погодности, една од најдобрите е секако „Schloss“ терасата со отворен камин и поглед на величенствената планина. Покрај тоа, тука се елегантниот бар и ресторан , Блу салонот кој е идеален за социјални собири и вечера за до 25 лица, како и „Schloss“ спа центарот, во кој се наоѓаат затворен базен, сауна, парно купатило и соби за масажа.
Иако овој хотел е изграден во далечната 1887 година како приватна резиденција, тој и денес изгледа воодушевувачки и е подготвен да ги дочека своите гости од цел свет со топол и волшебен амбиент и удобности какви не можат да се видат било каде.










