(ФОТО) Ауровил - градот во кој се живее без пари

Во Ауровил недостасува политички систем и религија. Жителите на гратчето се од 50 различни националности и култури, но и покрај тоа успеаваат да коегзистираат мирно и среќно. Градот е дел од светското културно наследство на УНЕСКО.
Архитектурата во Ауровил е исклучително интересна, бидејќи зградите постојано се менуваат. Тие се изградени на принципот на експериментална архитектура, така што главната цел е повторна употреба и рециклирање.

Човекот кој го проектира и заснова ова небесно место, е Французинката Мира Алфаса. Нејзиниот концепт е дека на светот треба да има едно место на кое ниедна нација не може да се тврди за сопственост, сите луѓе се добри и искрени и можат да живеат слободно како граѓани на светот.

Ауровил е поделен на неколку делови - централна, културна, меѓународна и индустриска зона. Во градот се одгледуваат различни дрвја, ниви и овоштарници, организирани во 15 фарми на површина од 160 хектари.

Овој утописки град може да служи за пример со водечкиот принцип за здрав начин на живот. Ауровил се финансира од донации, а жителите се прехрануваат претежно со органски производи кои се одгледуваат од секое семејство.

