Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФОТО: Алиша Кис конечно го продаде станот во Менхетен за 18 милиони долари

ФОТО: Алиша Кис конечно го продаде станот во Менхетен за 18 милиони долари
Алиша Кис конечно најде купувач за својот прекрасен стан во Менхетен кој и плати 17,95 милиони долари. Таа го огласи за продажба уште минатата година. Алиша и нејзиниот сопруг го купија станот во 2010 година, а претходниот сопственик беше Лени Кравиц. Тие за овој стан тогаш дадоа 12.75 милиони долари. Кравиц пак го купил за 7 милиони долари во 2000 година. Имотот се наоѓа во областа Сохо. Има 5 спални, 6 бањи, библиотека и неверојатна тераса со поглед кон Менхетен. Терасите кон станот се со вкупна површина 280 квадратни метри. Меѓу додатоците се уште и базен, фитнес сала, тениско игралиште и гаража за 5 возила. Станот е на 2 спрата. Кис и нејзиниот сопруг се преселија да живеат во куќа во предградието на Њујорк, која ја купија од Еди Марфи за 12 милиони долари.  
Слично

Поврзани вести