Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) АКО САКАТЕ МИР, ОДЛИЧНИ СЕ ЗА ВАС: 5 дестинации кои туристите уште не ги откриле

(ФОТО) АКО САКАТЕ МИР, ОДЛИЧНИ СЕ ЗА ВАС: 5 дестинации кои туристите уште не ги откриле

Сигурни сме дека уживате во кадрите на најпознатите светски туристички дестинации, но сите кои посакуваат осаменост имаат еден проблем: премногу луѓе. Погледете ја листата на преубави места на кои нема да среќавате многу луѓе а ќе уживате.

Фолеграндос, Грција

Мали куќички со дворови полни цвеќиња, преубави плажи и море од кое нема да сакате да излезете.Описот одговара на познатиот Санторини, но овој пат се работи за местото Фолеграндос кое личи на Санторини, со една голема предност. Таму нема гужви.

Свалбард, Норвешка

Во последните неколку години, Исланд е многу популарна туристичка дестинација, а вие посетете го норвешкиот архипелаг Свалбард, ако сакате мир. Во прашање е група острови помеѓу Норвешка и Северниот пол. Патот до нив не е лесен бидејќи не постои никаква официјална сообраќајна линија, но кога конечно дојдете на ова место, друштво ќе ви прават само неколку туристи, поларни мечки, ирваси и арктички лисици.

Гиетхорн, Холандија

Величенствено село кое туристите го нарекуваат „Венеција во Холандија“, се наоѓа на само час и пол возење од Амстердам, а сместено е во канали, така да најдобро е таму да се движите со мали електрични бродчиња. Секако, со оглед на тоа дека се работи за Холандија, и велосипедот е секогаш добра опција.

Марибор, Словенија

Добрата стара Европа секогаш ќе го има Париз, Рим, Лондон и останатите важни градови. Но, постојат интересни градови кои се вечно „во втор план“, а еден од нив е и вториот најголем словенски град, Марибор. Идеален е за опуштање, прошетки по стариот градски дел и брегови на Драва а најдобро е да го посетите во јуни, за време траењето на ЛЕНТ Фестивалот.

Мекнес, Мароко

Мароко веќе долго време е популарна дестинација, но туристите воглавно го посетуваат Фез и Маракеш. Градот Мекнес, кој го заштитил и Унеско, секогапше некако споредна цел и реко кој, кога се врати од Мароко да се фали дека го посетил. Неоправдано, бидејќи таму се наоѓа Исмаиловиот мавзолеј, познатата врата на градот Баб Мансур, а во близина се и урнатините од римскиот период, кои исто така ги заштитил Унеско.

Слично

Поврзани вести