Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Адора Инженеринг го доби супербренд признанието за 2013/2014

(ФОТО) Адора Инженеринг го доби супербренд признанието за 2013/2014

Адора Инженеринг го прими признанието супербренд за 2013/2014 година на свечената церемонија што во присуство на голем број македонски супербрендови и гости се одржа во Скопје.

Д-р Драгана Д. Чифлиганец, извршен директор на Адора Инженеринг, порача дека по 12 годишното успешно работење, овој градежен супербренд и натаму ќе продолжи со изградба на докажано сигурни, висококвалитетни еко домови, грижејќи се за своите купувачи, клиенти и за пошироката заедница.

Dragana so site dobitnici

За третиот избор на македонските супербрендови, пазарни марки кои ја добија меѓународната титула Супербрендс за 2013/2014-та година, како дел од 1000-те меѓународни брендови распоредени во 27 категории, од почетокот на 2013-та година гласаа стручно жири и 8.000 потрошувачи.

Годинашната свеченост за доделување на признанијата на македонските супербрендови беше збогатена со присуството и настапот на супербрендот и култен македонски гитарист Влатко Стефановски и балканската актерска, режисерска и музичка легенда Раде Шербеџија.

Слично

Поврзани вести