(ФОТО) 10 од најпријатните европски острови за летен одмор
Температурите се покачуваат, сончевите зраци го пробиваат мрачното расположение и провоцираат мисли за егзотични одмори.
Еве и 10 предлози за егзотични острови, каде да го поминете летниот одмор, избрани од британскиот Telegraph.
10. Сардинија

Се спомне ли Сардинија, сите се сеќаваат на бисерот на островот - луксузното одморалиште Коста Смералда. Tаму сепак има уште многу работи кои треба да се вредни за внимание како значајни плажи и одличната морска храна. За страствениците по историјата пак треба да се споменат остатоците од античката локална култура, како и каталонски и римски руни, црквите и шпанскиот барок.
9. Сицилија

Најголемиот остров во Медитеранот е интересен микс од грчки храмови, нормадски цркви и барокни плоштади. Сицилија е место каде знаменитостите не можат да се "само" знаменитости. Сицилија е комбинација од античка историја, одлична клима и современа кујна. Овој остров на виното е привлечен во текот на целата година.
8. Мајорка

Мајорка е најголемиот од Балеарските острови. Штом стане збор за него, можеби многумина ќе се сетат прво за плажните летувалишта, но на островот има уште многу начини за забава како на отворено, така и во затворен простор. Планинскиот масив Сера де Трамунтана пример е прогласена за светско културно наследство. Љубителите на виното пак би можеле да се сместат во некоја од популарните визби, каде буквално и преносно можат да се вкусат од локалните традиции.
7. Крит

Островот е познат по тоа што на него се наоѓаат едни од најдолгите грчки заливи. Природата сепак се погрижила и за љубителите на осаменост, кои можат да најдат спокојството во некој од малите заливи. Но дури и ако не сте љубител на плажните емоции за вас има други можности - може да посетите капела од 14 и 15 век на пример или озлогласената палата на Цар Минос.
6. Ибица

Островот е познат по своето прекрасно крајбрежје, стилски хотели и светски познатите ноќни клубови. Но земјата на Ибица крие и некои прекрасни плажи кои му инспирира на местото спокојство, софистицираност и даваат можност за разновидни активности.
5. Лансароте

Лансароте е најисточниот од Канарските острови. Ако се упатите натаму, не очекувајте премногу сјај, побрзо се прилагодете да го поминеѕе денот во спокојство, прошетки, сурфање или дегустации во локалните винарски визби. Островот може да се пофали со еден куп природни чуда - вулкани и кратери, црни камења и црвена почва. Симбол на островот е статуата на Цезар Манрике, во спомен на човекот кој придонесе за заштитата и промоцијата на остров Лансароте.
4. Крф

Крф е еден од најзелените грчки острови благодарение на поројните, но периодични врнежи од мај до септември. Илјадниците маслинови дрвја пак се толку густо распоредени што се претвораат во тепих зад пејзажот. На Крф имате можност да најдете мир во некое од бројните островски села, далеку од туристичката гу.жва. Интересен е и локалниот религиозен фестивал "panegyria"
3. Тенерифе

Се оддалечивте ли од најпопуларните дестинации за одмор, можеби ќе имате среќа да се најдете на островот Тенерифе. Областа е речиси недопрена од човечка рака и плодните земјишта сеуште преовладуваат. Пејзажот е надополнет од сценско карпести врвови, обземени од облаци.
2. Менорка

На Менорка ќе се најдете меѓу непроменети блескави песочни плажи и кристално чиста вода. Дестинацијата е одлично место за нуркање, а заливите се напикани, затскриени и опкружени со борови дрвја.
1. Малта

Со повеќе од 300 сончеви денови, островот Малта е привлечна дестинација во текот на целата година. Опкружен со чисти сини води тој е омилено место за многу нуркачи, пливачи и сурфери. Малта е интересна и со својата илјадагодишна историја и може да се пофали со знаменитости од пред новата ера. На островот се наоѓаат едни од најстарите храмови и камени згради во светот, како и римски катакомби, средновековни градски остатоци и многу други архитектонски и културни наследства.
