Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Ова момче го живее својот сон: Напуштил работа, сега патува низ светот и многумина му завидуваат

(ФОТО)  Ова момче го живее својот сон: Напуштил работа, сега патува низ светот и многумина му завидуваат

Не е невозможно да се живеат своите соништа, а ако некогаш се посомневавте во остварување на истите, тука е Кристијан Илиќ да ве потсети дека никогаш не треба да се откажете.

Кристијан, кој е вљубен во патувања, дошол на идеја да го обиколи светот. Досега посетил дури 60 земји. Неговата последна сника настанала на Сејшелите, а воодушевил бројни корисници на социјалните мрежи. Имено, Кристијан  на плажата гали голема желка, што таму е нормална појава. 

Исто како што кај нас ќе ви пријде пес, таму желката ќе почне сама да бара да ја забавувате.

Овој Загрепчанец некогаш работел од 9ч до 17 часот, како и повеќето луѓе. Бил на функција директор за дигитален развој во една издавачка куќа, а завршил информатика на техничкиот Унверзитет во Загреб.

Љубовта кон патувањата и откривање на светот била посилна од се, па одлучил да се откаже од општествено наметнатите норми. Го подредил животот на патувања.

Нема каде не бил...Америка, Азија, Тајланд, Етиопија, Мадагаскар...се само некои од местата кои ги посетил Кристијан, а на тоа многумина му завидуваат.

Слично

Поврзани вести