Економија, финансии, бизнис

Контакт

(ФОТО) Ѓоковиќ потрошил богатство за стан во Њујорк: Еве каде ќе живее најдобриот српски тенисер

(ФОТО)  Ѓоковиќ потрошил богатство за стан во Њујорк: Еве каде ќе живее најдобриот српски тенисер

Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ потрошил 11 милиони долари на два луксузни станови во Њујорк.

Становите на Ѓоковиќ се наоѓаат во луксузниот кварт Сухо, кои ги дизајнирал познатиот архитект Ренцо Пијано.


Зградата во која се наоѓаат становите на Ѓоковиќ се смета за ремек дело на архитектурата и градежништвото.

Становите се опремени модерно и луксузно - со под од дабовина, кујна од вулкански камен, посебно изработен мебел и подно греење.


Што се однесува до објектите, станот има посебен „lounge bar“, библиотека, тераса, голем базен, теретана со СПА центар, соба за прием на медиуми и приватен паркинг.

Директорот на продажба Стејси Шпилман не открива колку квадрати купил Ѓоковиќ, но наведува дека на горните катови поседува два пати по две спални соби, чија цена е 5,4 милиони долари.


„Ми се допаѓа дизајнот на овие згради и нивната локација е фантастична. Њујорк и Мајами се на рутата мои патувања секоја година па ќе биде возбудливо сега кога имам свое место на кое можам да се вратам“, рекол тенискиот ас.

Слично

Поврзани вести