Економија, финансии, бизнис

Контакт

Формирано Здружение на сомелиери на Македонија

Формирано Здружение на сомелиери на Македонија

Винската земја Македонија конечно доби национално здружение на сомелиери кое ќе работи по програма на  една од најважните и најголемите сомелиерски асоцијации во светот,италијанската AIS ( AssociazioneItaliana Sommelier).

Едукација на угостителско-туристичкиот персонал за виното и неговата магија е една од суштинските цели на Здружението на Сомелиери на Македонија е која подоцна тие би ја пренеле на своите гости,а е со цел за попрофесионално и попрофитно работење.

Ова претставува еден вид на мост помеѓу винариите и крајните конзументи во угостителско – туристичкиот сегмент кој што резултира со главната мисија: подигање на квалитетот на услугата во угостителството како и развој на винската култура преку квалитетен вински сервис, правилен избор на фини вина, спарување со храна, во насока на една взаемна корист и за винарите преку професионално претставување на нивните вина, но и за конзументите преку дополнителна грижа околу нивниот вистински избор. Алка која долго време недостасува во македонското угостителство.

Наредната недела за прват во Македонија ќе се одржи обука за Сомелиери ниво 1 од страна на потпретседателот на AISРоберто Белини кој важи за еден од највлијателните сомелиери во Италија. Обуката ќе се одржи во конференциската сала на ресторанот Воденица во Скопје и ќе трае 5 дена по 7 часа дневно.

Слично

Поврзани вести