Економија, финансии, бизнис

Контакт

Форд се повлекува од Белгија

Форд се повлекува од Белгија
Форд Мотор планира да ја затвори својата фабрика во белгискиот град Генк до крајот на 2014 година. Во фабриката работат 4.300 лица, соопштија синдикатите. Овој потег е дел од мерките на американскиот производител на автомобили за намалување на загубите и намалување напроизводствените капацитети во согласност со состојбите на европскиот пазар. Фабриката во Белгија ги произведува моделите Мондео, мини Галакси и S-Max, а производството на новите верзии на истите модели ќе биде преместено во шпанскиот град Вланесија.
Слично

Поврзани вести