Економија, финансии, бизнис

Контакт

Форд B-MAX најдобар автомобил на „AUTOBEST 2013”

Форд B-MAX најдобар автомобил на „AUTOBEST 2013”
Минатиот понеделник во Атина се одржаа дванаесеттите по ред „AUTOBEST“ награди. Според организаторите на настанот, локацијата беше свесно одбарана, токму поради економската криза, а со цел оживување на автомобилската индустрија. „Ford B-MAX“ беше прогласен за победник на „AUTOBEST 2013” со 830 поени, оставајќи ги зад себе „Skoda Rapid“ на второто место со 736 поени и „Peugeot 301“ на третото со 662 поени. 7 -те членови на жирито го изгласаа B MAX на првото место, 3 членови гласаа за Rapid-от на место број 1, но ниту еден член на жирито не гласаше за прво место за 301. Инаку стручното жири беше составено од  високи преставници од автомобилската индустрија целиот свет, екс премиерот на Романија Калин Попеску и грчкиот министер за транспорт Костис Чацидакис.
„B-MAX е брилијатно, интелигентно ново возило. Тоа е одраз на новиот бран на производи кои Форд ги лансира во Европа, не со еден, туку со 2 централни столба вградени во вратите! Квалитетот е импресивен и со 1.0 l Ecoboost мотор – AUTOBEST е првиот настан со интернационално жири кој го награди овој неверојатен мотор, со што го комплетираше портретот на ова извонредно возило. Со B-Max-от им покажавме на европските купувачи дека најдоброто возило на пазарот е навистина кул! “изјави Илиа Селиктар, претседател на AUTOBEST.
Со слична изјава за време на церемонијата излезе и Џон Флеминг извршен подпретседател на „Ford Motor Company“. „Паметам кога „Ford B-Max“ беше само идеа, која како и сите други идеи можеше да стане реалност или да остане само идеа. Морам да нагласам дека автомобилот има одличен фабрички квалитет, кој пак се верификуваше со добивањето на наградата AUTOBEST 2013“, нагласи Флеминг.   
Слично

Поврзани вести