Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фолксваген Амарок се „проба“ на Попова Шапка

Фолксваген Амарок се „проба“ на Попова Шапка
Членовите на клубот „Полар“ го испробаа новиот теренец Фолксваген Амарок во рекреативниот центар „Попова Шапка“. „Нескротливиот волк” меѓу теренските автомобили – Фолксваген Амарок им помогна на ентузијастичните рекреативци да стигнат до најнепристапните места и да ги скротат најдивите предели, за потоа да можат енергично да уживаат во скијањето и во бордањето. Со должина од 5,25 метри, импресивна 2,52 м2 багажна површина, простор за 1.000 кг товар, првиот европски теренец покажа дека е направен така да ги издржи најлошите услови и да стигне на местата каде што другите возила не можат да стигнат“, соопштуваат членовите на овој клуб. „Амарок“ е првиот 4-погонски пикап во својата класа со намалена СО2 емисија и револуционерна економичност, со потрошувачка од само 7,5 литри на 100 км. Неговиот ентериер содржи комфор и луксуз кои би ги очекувале од еден автомобил Фолксваген, почнувајќи од климатскиот воздушен регулатор, потоа преку темпоматот, електриката на сите прозорци, комфорното централно заклучување, паркинг- сензорите, па сe до адаптивните седишта правејќи го офроуд- патувањето комфорно како никогаш досега. Тој ја користи напреднатата технологија Volkswagen 4 Motion и во зависност од условите во кои се вози, може да се избере конфигурација на сите четири тркала или, пак, само на две. Благодарение на својот погон 4MOTION, ABS и на електронската програма за стабилизирање, Амарок е одлично возило за авантуристи, овозможувајќи максимум удобност и исклучителна крос-кантри мобилност без притоа да се бара посебен напор. Освен Амарок, членовите од клубот Полар за долгите патувања на располагање ќе имаат и уште еден убавец од програмата на Volkswagen Kомерцијални возила – Volkswagen Transporter T5 Combi, со кој можат да се превезуваат 9 патници до зимските центри.
Слично

Поврзани вести