Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФК „Вардар“ го најавува својот наследник – Фудбалската Академија „Вардар“

ФК „Вардар“ го најавува својот наследник – Фудбалската Академија „Вардар“

За прв пат во историјата на македонскиот фудбал, ФК „Вардар“ со гордост го најавува својот наследник - Фудбалската Академија „Вардар“.

DD1_3036

Свечено ќе биде отворена на 15.05.2016 (недела) во 13  часот. На отворањето ќе бидат присутни 1000 дечиња од Академијата и регионалните школи со своите родители. Објектот свечено ќе го отвори сопственикот господин Сергеј Самсоненко.

Воедно истиот ден ќе биде поставен и камен-темелник на вториот дополнителен објект кој ќе ја надополни како целина Фудбалската Академија.

DD1_2960 (1)

Истиот ќе располага со фан шоп на ФК „Вардар“, музеј за спортскиот клуб, кантина за релаксација на родителите и подземен паркинг.

На локацијата е предвидено соодветно партерно решение со патеки, ознаки, осветлување итн. Осветувањето на објектот ќе го изврши поглаварот на МПЦ, Господин Господин Стефан.

DD1_2954 (1)

Сите услови што ги нуди Академијата одговараат со високите стандарди на професионалните клубови од светски ранг.

DD1_2928

Академијата на ФК Вардар е подготвена за создавање на врвни фудбалери кои во иднина ќе ги гледаме во ФК Вардар, репрезентацијата на Македонија или во некои големи европски клубови.

Слично

Поврзани вести