Фирмите ќе плаќаат помалку за продажба на ветеринарните препарати
Цените за ставање во промет на ветеринарни препарати ке се намалат за 61,5 отсто. Така наместо првичните 1.300евра, согласно новата одлука на Владата цената ќе биде 500 евра.
- Владата го определи и надоместокот за издавање одобрение за ставање во промет на ветеринарно фармацевтски препарат. Износот ќе паѓа на товар на подносителот на барањето за ставање на нов препарат во промет. Сумата ќе се плаќа еднаш, а не како досега на секои пет години, изјави портпаролот на Владата на Република Македонија, Александар Ѓорѓиев.
Одобрението ќе го издава Агенцијата за храна и ветеринарство. Висината на надоместокот е во висина на покривање на потребните трошоци за испитување на самиот препарат од надлежните институции, согласно светските стандарди, без заработка
Слично
