Економија, финансии, бизнис

Контакт

Филипче: Нашиот здравствен систем успешно ќе се справи со коронавирусот

Филипче: Нашиот здравствен систем успешно ќе се справи со коронавирусот

Министерот за здравство Венко Филипче вели дека линеарниот раст на заболените од коронавирусот во последниве две недели охрабрува, што покажува дека нашиот здравствен систем ќе може да ги опслужи граѓаните. Сепак, сега треба сите да бидеме дисциплинирани.

„Иако сѐ уште е рано било што да заклучуваме, линеарниот раст на заболени во последните 15 дена охрабрува. Имаме број на заболени приближно еднаков секој ден. Ова беше нашата цел од самиот почеток, со ваков тренд нашиот здравствен систем ќе може да ги опслужи граѓаните и добро да се справи со коронавирусот. Пикот на епидемијата допрва доаѓа и сега е потребно сите да останеме дисциплинирани и да ги следиме без исклучок мерките и препораките“, напиша министерот Филипче на својот фејсбук профил.

Слично

Поврзани вести