Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФФРМ: Пелагонискиот регион има проблеми со сточарството

ФФРМ: Пелагонискиот регион има проблеми со сточарството

Претседателот на Федерацијата на фармерите во Република Македонија(ФФРМ) Андрија Секуловски денеска се сретна со членовите Федерацијата од Пелагонискиот регион за да се запознае со актуелните планови и проблеми со кои се соочуваат овие фармери.

„Во Пелагонискиот регион има проблеми со сточарството и затоа правиме напори да обезбедиме поевтини производи со што ќе се амортизираат т.н. ценовни шокови. Констатиравме дека ситуацијата со откупот на тутунот, што е при крај е мирна и севкупната слика е позитивна. Сметам дека продажбата на јаболката во Преспанскиот регион ќе се оствари во целост, бидејќи годинава имаме и повеќе ладилници, посочи Секуловски.

Како заклучок од средбата во Битола беше посочено дека за полесен пласман и производство земјоделците треба што повеќе да се организираат и здружуваат во кооперативи. 

Слично

Поврзани вести