Економија, финансии, бизнис

Контакт

ФФРМ: Македонските фармери користат домашна сточна храна

ФФРМ: Македонските фармери користат домашна сточна храна
Најголемиот дел од храната која домашните фармери им ја даваат на кравите е од сопствено производство, тврдат од Федерацијата на фармери на Македонија (ФФРМ). Од Федерацијата посочуваат дека во  врска со актуелните состојби со присуството на афлатоксини на млеко и производи на млеко, направиле анализа за евентуалното користење на сточната храна од увоз, со оглед дека беа пронајдени и токсични материи во сточната храна во земјите од регионот од каде и најмногу се увезува во Македонија. „Членовите на Федерација на фармерите кои се занимаваат со производство на млеко се наоѓаат најмногу во полошкиот и пелагонискиот регион кој има поволни услови за одгледување на житни култури. Со оглед дека нашите фармери се мали, најголемиот дел од храната која им се дава на кравите е од сопствено производство, или пак се обезбедува од други фармери кои произведуваат житни култури особено пченка“, се вели во соопштението. Исклучок може да биде еден краток период во пролетните месеци кај поголемите земјоделци кај кои може да се јави недостаток и потреба од купување на сточна храна. Фармерите купуваат најчесто трици или концентрат, а во Гостиварскиот регион постои пракса и самата млекара да им  дава сточна храна на фармерите која е произведена од домашни производители од тој регион.
Слично

Поврзани вести