Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фестивалот на сирење „Cheese land“ викендов продолжува во Веро центарот

Фестивалот на сирење „Cheese land“ викендов продолжува во Веро центарот
И овој  викенд посетителите на Фестивалот на сирење „Cheese land“ ќе можат да купат сирење и кашкавал по промотивни цени.  Фестивалот во Веро-центарот, кој се отвори во петокот, по својата посетеност ги надмина сите очекувања. Врвулица од потрошувачи дегустираа од сирењето и кашкавалот, но и од бомбиците и обландите од сирење изложени на настанот. Потрошувачите имаа можност и да се инспирираат од декорацијата на сирења со други производи и да добијат идеи и мотив за мали експерименти во сопствената кујна. Најмалите пак играа игри и добиваа награди.

„За нас е огромно задоволство самата глетка на Веро Cheese land, кој го сметаме за наш мал подвиг. Задоволни и насмеани потрошувачи беше нашата иницијална идеја и заедно со нашите партнери ќе се трудиме од овде да не излезе ниту еден незадоволен потрошувач. Среќни сме што гледаме дека нашите домашни сирења се на врвот на листата на најпосакувани производи“, изјави Влатко Величков, маркетинг менаџер во Веро.

Овогодишните партнери на Веро Cheese land чии производи ќе можат да се дегустираат и купат со промотивни цени се: Бимилк, Идеал шипка, Здравје Радово, Јого меркур, Хемипром, Рудине, Екошар, Mонтенегро, Млекара Николови, Малешевски производи, како и винариите Стоби и Тиквеш, но и Оникс со целата палета на производи .

Слично

Поврзани вести