Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фестивал СЛОБОДНА ЗОНА Виница

Фестивал СЛОБОДНА ЗОНА Виница

По повод 75 години од ослободувањето на градот од фашизмот, а во рамките на повеќедневната манифестација ВИНИЦА - СЛОБОДЕН ГРАД, на 30.08.2019 година, петок, со почеток од 20:00 часот, во градскиот парк во Виница ќе се одржи музичкиот фестивал  СЛОБОДНА ЗОНА на кој ќе настапат следниве музички групи:

Александар Велики - Скопје
Дактили - Струмица
КИ - Куманово
ПМГ Колектив - Скопје
Пука козметика - Скопје
Роботек - Скопје

Истиот ден, во склоп на фестивалот, во 17:30 часот во градскиот парк ќе бидат промовирани книгите „Македонска дискографија - Винили (1958 - 2019)“ и „Македонска рок енциклопедија (1963 - 2018)“, енциклопедиски дела на авторот Тошо Филиповски, а во издание на Corpus delicti records.

Настанот е во целост поддржан од Локалната самоуправа на Општина Виница и Домот за култура „Тошо Арсов“ . Ова е седмо по ред издание на фестивалот, чија идејна и организациона изведба е на група млади ентузијасти, а по неколку годишна пауза, на иницијатива на Општината, се обновува со намера да стане традиција која би оставила траен белег на културното живеење на градот.

Покрај музичкиот фестивал, во рамките на повеќедневната манифестација ВИНИЦА - СЛОБОДЕН ГРАД, ќе се одржат повеќе настани: Винеам куп во фудбал, велосипедска трка, ликовна колонија, маратон „Чупино треил“, промоции на книги, проекција на долгометражниот цртан филм „Неверојатната приказна за џиновската круша“ и др.

Слично

Поврзани вести