Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фестивал на шумата во Берово

Фестивал на шумата во Берово
Под мотото „Секое дрво има свое семејство“, за првпат во Берово ќе се организира Фестивал на шумата или  Форест Фест. Треба да се одржи на 7 и 8 декември во центарот во градот, а со цел да ги приближи до граѓаните благодетите и вредноста на шумата.
„Берово е град опкружен со шуми, а дрвната индустрија е една од најзначајните во градот", истакнува беровскиот градоначалник, Драги Наџински. Во текот на манифестацијата посетителите ќе може да пробаат и купат храна и пијалаци произведени од шумски плодови, а се најавуваат и  натпревари во сечење на дрво со пила. Катче ќе има и за децата , додека за забавате одговорни ќе бидат Културно-уметничкото друштво од регионот и музичките состави „Етно Малеш" и „Етникум". Освен општината како организатор на фестивалот се јавува Националното здружение на сопственици на приватни шуми, а поддржан е од фондацијата „Поврзување на природни вредности и луѓе“ . Овој фестивал , велат од Здружението на сопственици на приватни шуми, треба да ја истакне значајноста на семејното шумарство во Македонија.
Слично

Поврзани вести