Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фестивал на младо вино во организација на Тиквеш

Фестивал на младо вино во организација на Тиквеш
Винарската визба „Тиквеш“ од Кавадарци денеска го организираше третиот по ред Фестивал на младо вино. - Целта на настанот е да се проба младото вино на винаријата и да се оцени неговиот потенцијал. Тоа е дел од нашата определба за подигнување на винската култура во Македонија преку популаризација на нашето вино баш на овој посебен ден. Денот е симболичен затоа што третата недела од ноември обично важи како ден кога се отвараат бочвите и имаме единствена можност да го пробаме виното и нормално стручните лица  дополнително да го оценат неговиот потенцијал, вели директорот на „Тиквеш“ Игор Илиевски. Енолошки тим винарската визба веќе има одредени оценки и заклучок на раководните лица во Тиквеш е дека генерално бербата е оценета како одлична, а вината со одличен потенцијал. Денеска се дегустира младо вино кое не е сеуште наменето за продажба.

- Оваа година сакаме да ги промовираме таканаречените четири звезди или четирите најдобри вина кои имаат најдобар потенцијал во моментов. Тоа се темјаниката и шардонето од белите вина и вранецот и мерлото од црвените, вели Илиевски.

Годинава винаријата направи сериозни поместувања напред  при продажбата во скандинавските земји, а нов потенцијален пазар е американскиот пазар.
Слично

Поврзани вести