Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фершпед продаде акции за над милион евра

Фершпед продаде акции за над милион евра
Преку блок трансакција вредна околу 79 милиони денари(1,3 милиони евра ), се продадени 5,59% од акциите на Фершпед. Акцијата е направена денеска во Македонска берза. Продадени се преку 1.013 акции, а купувачот е непознат. Инаку вредноста на акциите на Фершпед, од мај пораснале за околу 40 отсто. Минатата седмица Фершпед АД Скопје ги објави финансиските резултати за своето работење.Во соопштението кое комапнијата го испрати до Берзата стои дека Фершпед оствари позитивни неконсолидирани финансиски резултати од работењето во првите девет месеци од годината. Сепак оперативната добивка во износ од 44.538 илјади денари е намалување за 61% во однос на остварениот финансиски резултат во истиот период од минатата година, кога изнесуваше 114.506 илјади денари, се посочува во соопштението.
Слично

Поврзани вести