Економија, финансии, бизнис

Контакт

Феникс ги намали цените до 90%

Феникс ги намали цените до 90%
Од денеска издавачката куќа „Феникс“ ги намали цените на своите изданија за 60 до 90 проценти.  Попустот ќе трае се до завршувањето на Меѓународниот саем на книгата во Скопје, кој е закажан за почетокот на месец април. Саемскиот попуст се однесува на сите изданија на „Феникс“ наменети за возрасните, но и за најмладите. Оттука, цените на изданијата ќе се движат од 10 денари за боенките па до 300 денари за хит-книгите и енциклопедиите. Како што ингормира издавачот, просечната цена на најголемиот број изданија изнесува 100 денари. „Феникс“, е еден од првите независни македонски издавачи, кој работи 20 години и досега има објавено над 2.500 изданија.
Слично

Поврзани вести