Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фекални бактерии во сендвичарницата – причина за масовното труење со салмонела во Драчево

Фекални бактерии во сендвичарницата – причина за масовното труење со салмонела во Драчево
Фекални бактерии биле откриени во прехранбените производи во сендвичарницата во Драчево која предизвика масовно труење на 50-тина граѓани. Иако не е утврдено директно присуство на бактеријата салмонела, сепак во брисевите земени од производите и работните површини биле изолирани стрептокока и таканаречени калиформни бактерии. Фекалните бактерии биле изолирани во кечап, помфрит, плескавица и во свински врат, како и на една работните површини, а за здравствените власти нема сомнение дека токму оваа сендвичарница го предизвикала масовното труење. „Имаме позитивна епидемиолошка анкета, лицата кои побарале медицинска помош со симптоми на салмонелозно труење, изјавиле дека конзумирале храна од еден ист угостителски објект. Во брисевите и храната се изолирани бактерии, индикатори на фекално загадување, што говори за несоодветна хигиена во објектот. Ние тоа го поистоветуваме со ентеробактериите, салмонелите кои се изолирани кај пациентите“, вели д-р Билјана Даниловска од Центарот за јавно здравје. Дванасет од затруените и натаму се хоспитализирани на Клиниката за инфективни болести, меѓу кои и една 29-годишна трудница и 4-годишно дете. Сендвичарницата е затворена, а ниту еден од вработените во неа немал санитарна книшка. Ова е трет пат истиот угостителски објект да предизвикува масовно труење меѓу жителите на Драчево. Надлежните најавуваат дека во иднина ќе ги зајакнат инспекциските контроли врз оваа сендвичарница. Освен ова, на сендвичарницата и се заканува парична казна од 5.000 евра, а за одговорното лице уште 500 евра. Труење со храна во изминатите денови било регистрирано и од сендвичарница во Центар, каде исто така била изолирана бактерија. И за овој угостител ќе следуваат истите санкции.    
Слично

Поврзани вести