Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фејсбук стигна до 1 милијарда корисници

Фејсбук стигна до 1 милијарда корисници
Основачот на Фејсбук Марк Зукерберг објави дека и официјално е потврдено дека социјалната мрежа има над една милијарда корисници. Тој со куса порака им се обратил на своите „пријатели“ на Фејсбук, во која им се заблагодари на корисниците на социјалната мрежа, додавајќи оти тоа е нешто со што најмногу се гордее во животот.

Зукерберг ветува дека и понатаму ќе работи на тоа Фејсбук да биде уште и се надева дека еден ден ќе може да го поврзе целиот свет.

„Изутрината беа регистрирани повеќе од една милијарда луѓе, кои го користат Фејсбук. Ако го читате ова: Ви благодарам за честа што ми ја давата мене и на мојот мал тим да ве услужиме“, напиша Зукерберг.
Слично

Поврзани вести