Фејсбук засекогаш ви забранува да ја споменете оваа страница
Фејсбук веќе не им дозволува на своите корисници да го спомнат името на една друга социјална мрежа, но не поради страв од конкуренција.
Страницата Tsu.com е социјална мрежа, чиј корисник може да се стане само со покана, а се базира на идејата делење на добивката со своите корисници.
Проблемот настанал бидејќи страницата стана извор на „спамови" на Фејсбук, па страната реши да им забрани на своите корисници да го користат линкот на Tsu.com.
Па сега, било каде на Фејсбук, Инстаграм или Месинџерот ако напишете Tsu.com се појавува порака дека дошло до грешка.
Слично
