Економија, финансии, бизнис

Контакт

Фејсбук влијае лошо на луѓето за време на празници

Фејсбук влијае лошо на луѓето за време на празници

Научниците од Универзитетот во Копенхаген велат дека Фејсбук лошо влијае на луѓето за време на празници. 

Долготрајниот престој на Фејсбук по празниците го влошува расположението, тврдат дански научници, цитирани од БиБиСи (BBC).

„Кога на празник човек гледа што прават „идеални семејства" или како луѓето се на одмор, поверојатно е да се почувствува несреќен отколку да му стане ведро во душата. Причина за ова се „нереалните социјални споредби". Особено лошо се одразува без комуникација со други луѓе“ - велат тие. 

Научниците од Универзитетот во Копенхаген препорачуваат социјалните мрежи да се користат за разговори со блиски. 

Тоа е многу позитивно искуство од пасивното разгледување. Многу корисно е и човек да престане да ги користи социјалните мрежи на една недела.


Слично

Поврзани вести